„Форбс“ често објавува списоци на многу успешни луѓе врз основа на нивната возраст, пол или само сумата на пари што ја заработиле. А што се случува кога ќе го проверите датумот на раѓање на најновата листа на Форбс на неодамнешни милијардери? Ова се хороскопските знаци на најбогатите милијардери.
Вага
Одлична вест за Вагите – тие се најчестиот хороскопски знак меѓу милијардерите. Има смисла кога ќе ја земете предвид нивната приспособливост, перфекционизам и опседнатост со баланс. Се чини дека Вагите, со нивните природни склоности, се создадени за успех. Еден од најпознатите и најуспешните милијардери чиј хороскопски знак е Вага е Ралф Лорен.
Јарец
Јарците се на врвот на листата на најбогати милијардери, а еден од најпознатите припадници на овој хороскопски знак е Џеф Безос. Човекот кој стои зад „Амазон“, е најбогатиот милијардер во светот и поседува класични особини на Јарец – издржливост и амбиција.
Рак
Раковите се познати по тоа што се многу интуитивни, а очигледно таа интуиција добро ги води. Илон Маск, мозокот зад „Тесла“ и „Спејс Икс“ е Рак и иако Безос неодамна го симна од тронот како врвен милијардер, тој сè уште високо котира на листата – неговото богатство е сигурно.
Скорпија
Познатиот основач на Мајкрософт, Бил Гејтс во хороскоп е Скорпија. Скорпиите се смели, решителни и креативни – како Бил Гејтс – затоа што мора да имате некои од овие карактеристики за да го создадете „Мајкрософт“ во 1975 година.
Овен
Лaри Пејџ, основачот на „Гугл“ е припадник на овој хороскопски знак. Овој знак често се опишува како наметлив, високо организиран и оптимист. Звучи како да го имаат совршениот рецепт за успех. Сите овие особини на Овенот ја направиле својата магија за основачот на „Гугл“.
Бик
Биковите се стабилни, интелигентни и склони на напорна работа – знаат дека овие работи на крајот се исплатат. Марк Цукерберг е милијардер кој го поседува „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Вацап“ – а неговиот хороскопски знак е Бик.
Близнаци
Хороскопскиот знак на наследникот на „Волмарт“, Џим Волтон е близнаци. Близнаците се познати по тоа што се флексибилни и паметни, два особини кои се неопходни за еден успешен бизнисмен. Ѕвездите биле на негова страна и Џим Волтон со неговата природна тенденција да се прилагодува, не е во опасност наскоро да ги загуби милијардите.
Фото: EPA-EFE