Овен
Пред вас е стресен ден, па најпаметно е да ги избегнувате сите ситуации во кои вие би биле главен говорник.
ЉУБОВ Нов предизвик е пред вас.
РАБОТА Може да очекувате едно патување да се исплати.
ЗДРАВЈЕ Одлично.
Бик
И покрај тоа што очекувавте многу и ја попречивте реализацијата со вашите преголеми амбиции, сега се согласувате на компромис и продолжувате понатаму.
ЉУБОВ Подготвени сте да продолжите напред.
РАБОТА Не ви е удобно со темпото во кое сте влегле.
ЗДРАВЈЕ Проблеми со настинки.
Близнаци
Една лекција од минатото може да биде многу корисна. Гледајте на работите од поинаков агол.
ЉУБОВ Доколку сте во врска, ве очекува период во кој помалку ќе имате расправии со саканата личност.
РАБОТА Ќе треба да ја промените вашата деловна организација.
ЗДРАВЈЕ Нервоза.
Рак
Пред вас е ден полн со големи животни промени. Бидете отворени за сите можности.
ЉУБОВ Доколку сте во врска, ве очекува поволен ден.
РАБОТА Не ви се допаѓаат промените.
ЗДРАВЈЕ Пијте повеќе течности.
Лав
Денот е погоден за дружење и воспоставување нови деловни контакти. Никогаш не е доцна да се посветите на вежбање, на пример, а во вистинското друштво се е многу поинтересно и полесно.
ЉУБОВ Позитивна ситуација на емотивно поле.
РАБОТА Ве очекуваат помали проблеми.
ЗДРАВЈЕ Црниот дроб е чувствителен.
Девица
Можеби ќе сакате да се повлечете во осаменост и да барате одговори на некои прашања длабоко во себе.
ЉУБОВ Заљубените Девици размислуваат за брак.
РАБОТА Направете договор со претпоставениот за вашите следни потези.
ЗДРАВЈЕ Се чувствуваш добро.
Вага
Бидете фокусирани на себе, вашето знаење и интуиција. Не дозволувајте ситниците да ве исфрлат од колосек…
ЉУБОВ Ви се допаѓа личност која не знае како да ви пријде.
РАБОТА Дури и добронамерните совети ви пречат.
ЗДРАВЈЕ Вашите респираторни органи се чувствителни.
Шкорпија
Потпрете се на себе што е можно повеќе денес. Не е поволен ден за јавно презентирање на вашите идеи во која било средина.
ЉУБОВ Сакате врската да биде поинтензивна, но само по желби и останува засега.
РАБОТА Размислувате за започнување приватен бизнис.
ЗДРАВЈЕ Дигестивни проблеми.
Стрелец
Подлегнавте на туѓите влијанија, што придонесе некои работи да бидат неуспешни или тешко остварливи.
ЉУБОВ Го запоставивте емотивниот живот.
РАБОТА Прилично сте оптимисти кога станува збор за договор со не толку блиска личност.
ЗДРАВЈЕ Се чувствувате одлично.
Јарец
Се обидувате да разберете нечие непромислено однесување, но колку и да се трудите, не можете. Можеби размислете колку сте биле бесчувствителни во некои ситуации кон истите луѓе.
ЉУБОВ Ви пречи кога партнерот се однесува демонстративно и сте во состојба да ја прекинете комуникацијата со него.
РАБОТА Загрижени сте поради недостигот на пари за сите работи што ги сакате.
ЗДРАВЈЕ Не претерувајте со физички активности.
Водолија
Свртете се целосно кон себе и вашите идеи, работете на себе. Сега е вистинско време за образование.
ЉУБОВ Не успевате реално да ја согледате ситуацијата бидејќи цврсто верувате дека само вие сте во право.
РАБОТА Вашите очекувања може да изгледаат нереални за околината.
ЗДРАВЈЕ Чувствителни респираторни органи.
Риби
Следува вербален судир со личност за која со сигурност знаете дека не е доволно искрена со вас.
ЉУБОВ Не наоѓате доволно сила да му простите на партнерот за некои работи иако го сакате.
РАБОТА Напнатост.
ЗДРАВЈЕ Работете на зајакнување на вашиот имунитет.