Да се живее во согласност со вашата природа и карактер е клучот до среќата и стабилноста. Со вистинските практични совети, соодветни за вашиот знак, може да го подобрите квалитетот на животот!
Овен
1. Секое утро одвојте 20 минути за себе – за кафе, туширање или слушање добра музика.
2. Што и да ви кажат, ако навистина нешто сакате, работете на тоа, затоа што нема да се откажете додека не успеете или паднете.
3. Распоредете ги приоритетите и повеќе време посветете на луѓето кои тоа го заслужуваат. Престанете да се трудите околу нешто што не е вредно за внимание.
4. Секој ден прошетајте, возете точак или слично – потребно ви е движење, бидејќи во спротивно ќе бидете уморни.
5. Не се срамете од своите “бубачки“, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.
Бик
1. Бидете сигурни во себе и во своите ставови, дури и кога сте разочарани. Сомнежот во себе вас ве води кон депресија.
2. Не ги пропуштајте приликите да си угодите себеси, но строго одредете си го времето за уживање и времето за работа.
3. Вежбајте емпатија и почесто ставете ги во позиција другите, како би ги сфатиле подобро.
4. Научете дека преголемата гордост може да биде ваш непријател, особено ако ве оддалечи од луѓето кои ги сакате.
5. Бидете добар пријател, тие односи се меѓу највредните во вашиот живот.
Близнаци
1. Учете и читајте, тоа го чува мозокот и вашата љубопитност. Немојте да станете мрзливи кога се во прашање овие работи.
2. Држете се до своето хоби, дури и кога имате малку време, бидејќи без забава ќе паднете во депресија.
3. Немојте да се венчате, а претходно да не живеете заедно барем една година.
4. Барајте стабилен пријател кој ќе знае како да ве посоветува.
5. Не се задоволувајте со работи кои не ве интересираат. Дополнително образувајте се и пробајте да најдете нешто што ви се допаѓа.
Рак
1. Помалку озборувајте и не се движете во друштво кое не ви одговара, бидејќи така упивате негативни емоции како сунгер.
2. Не ја пропуштајте приликата за дружење со семејството и пријателите – таа енергија ве храни.
3. Во работата поставете приоритети и немојте да си дозволите себеси да работите по цел ден, а други да одмараат – вам ви треба рутина.
4. Вежбајте доверба кон другите луѓе, дајте им шанса да станат подобри.
5. Гответе и уживајте во добрата храна.
Лав
1. Немојте да се извинувате затоа што сакате внимание, љубов или убаво однесување – најдете луѓе кои знаат тоа да ви го дадат.
2. Не ги прикривајте своите фрустрации, бидејќи така тие ќе излезат десет пати посилни, а вие ќе испаднете незрели. Бидете директни и искрени.
3. Не го заземајте последното место на работа, бидејќи нема да бидете среќни ако не сте одговорни за нешто.
4. Ослободете ја својата страст и енергија – без разлика дали низ спорт, уметност, танцување, музика.
5. Почесто дружете се и пробајте да водите активен друштвен живот со различни луѓе.
Девица
1. Сесрдно помагајте им на луѓето околу се – со тоа важбате емпатија и подобро ќе се чувствувате.
2. Прифатете се себеси такви какви што сте и немојте да се правдате пред другите, дружете се со оние кои ги делат вашите ставови во животот.
3. На работа не ги зимајте работите на срце, стекнете искуство и барајте нешто ново ако сте незадоволни.
4. Не се плашете поради прекинување на лошите односи, посилни сте отколку што мислите.
5. Најдете домашно милениче, тие за вас се голема утеха.
Вага
1. Уредете го својот дом, работата и авотмобилот, бидејќи околината има големо влијание на вашето расположение.
2. Научете да кажете “не“ и одбивајте ги луѓето кои тоа го заслужиле и нека не ви биде непријатно.
3. Не се затварајте во четири ѕида, ви требаат луѓе како што на растенијата им треба сонце.
4. Намалете ја посесивноста и љубомората, тие ве прават огорчени.
5. Занимавајте се со она што го сакате – со тоа од далеку ќе стигнете.
Скорпија
1. Бидете посветени на себе и своите желби и не се водете од другите, преголемите прилагодувања кај вас можат да разбудат без, пркинување на односите и депресија.
2. Отворете се кон другите наместо само да слушате, делете ги своите мисли.
3. Верувајте во својата интуиција, многу често е точна, без оглед на околностите во кои се наоѓате.
4. Не се плашете од негативните емоции – тие служат како издувен вентил.
5. Јадете здраво и избегнувајте ги пороците – тие ви се слаба точка.
Стрелец
1. Зборувате отворено, искрено и слободно – луѓето ве ценат поради тоа.
2. Имајте верба во себе и секогаш пробувајте нови работи, вашите желби се менуваат во зависност од животната фаза.
3. Задолжително воведете си некоја редовна физичка активност во животот, движењето ви е неопходно.
4. Помалку внимание посветувајте на материјлното и немојте да се трупате со работи кои всушност не ви се потребни.
5. Не се согласувајте на помалку во љубовта – подобро бидете сами, бидејќи љубовта ќе ви дојди кога најмалку ќе очекувате.
Јарец
1. Во секоја работа и задача давајте се од себе, ќе постигнете се што ве прави вистински задоволни.
2. Градете го својот карактер и искушувајте го – откажете се од цигарите, нездравата храна и почнете да вежбате.
3. Немојте да се плашите да бидете сами и практикувајте да поминувате квалитетно време сами со себе.
4. Вежбајте спонтаност без планирање, допуштете си го себеси она што срцето ви го сака.
5. Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобар човек и се враќа.
Водолија
1. Водете повеќе сметка за своите финансии, направете план кон кој ќе се држите ипробајте да штедите – така ќе се чувствувате поодговорни.
2. Не ги менувајте пријателите пречесто и ценете ги луѓето кои ве сакаат, возбудата од новите пријателства чество ви ја заматува перспективата.
3. Потребна ви е поголема физичка активност – како трчање или нешто што целосно ќе ве исцрпи.
4. Не бегајте од проблемите – тоа е ваша најголема маана.
5. Чувајте се од пороци и луѓе кои ве поттикнуваат на нездрав живот.
Риби
1. Бидете отворени за нови искуства – патувања, врски и работни понуди.
2. Слушајте ги другите и дајте им совети, поради тоа многу ќе ве ценат.
3. Не се обидувајте премногу да им угодувате на другите, посебно на љубовниот партнер, со тоа можете да го изгубите чувството за сопственото “јас“.
4. Вежбајте одговорност и задајте си задачи кои ќе мора да ги исполните.
5. Во стресни ситуации не бегајте, туку соочувајте се со проблемите.