Близнаци
Уште од мали нозе сакаат да истражуваат. Љубопитни се по природа, па ги интересираат повеќе области, иако најпосветени и се на уметноста. Интелигентни се, па од тука доаѓа и нивната духовитост и досетливост. Заради таа причина се обиколени со луѓе кои знаат да водат длабоки разговори, а исто така бараат и паметен животен партнер со кој ќе може да разговараат буквално за сè, затоа што празните разговори не ги исполнуваат.
Шкорпија
Ниту еден знак не е толку прониклив и интуитивен како Шкорпијата. Речиси и да не постои работа која нивниот поглед и нагласеното шесто сетило не можат да ја откријат. Тие секогаш сакаат да почувствуваат длабочина, да нурнат под површината и да ја пронајдат вистинската смисла на животот. Не се обидувајте да ги манипулирате, затоа што и тие го прават истото, па лесно може да ги откријат туѓите намери.
Стрелец
Љубопитни баш како и Близнаците, секогаш имаат потреба да дознаат нешто повеќе и знаат да делуваат прилично несериозно. Меѓутоа, многу вешто ја проценуваат секоја ситуација. Друштвени се и знаат како да се снајдат со луѓе. На прв поглед може да ги добијат симпатиите на сите од околу и да проценат кој каков е. Меѓу припадниците на овој знак има доста научници, а математиката и природните науки им се силна страна. Сакаат да вложуваат во сопствениот интелект до крајот на животот.