среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Полната Месечина во Овен ќе донесе среќа во љубовта за три хороскопски знаци

Полната Месечина во Овен ќе донесе среќа во љубовта за три хороскопски знаци

Во петок, на 29 септември, ќе уживаме во енергијата на полната Месечина во хороскопскиот знак Овен. Деновиве ќе бидат особено специјални за припадниците на три хороскопски знаци, кои ќе доживеат голема среќа во љубовта, пишува „Сенса“.

Лав

Универзумот ќе ве охрабри да се покажете во вашето вистинско светло. Доколку сте во врска, сега е одлична можност да му ја покажете на партнерот вашата ранлива страна и да разговарате за вашите чувства. Ова може исклучително да ве поврзе. За слободните, ова ќе биде поттик да престанат да се преправаат и да почнат да се отвораат на секој чекор. На овој начин брзо ќе привлечете луѓе со кои можеби ќе станете пар.

Девица

Девици, вие ќе имате силни комуникациски вештини, кои особено ќе ви помогнат во областа на љубовта. Сега е време да разговарате за сè во врска со вашиот љубовен однос и да ги расчистите сите стари незадоволства. Ако сте слободни, размислете за тоа кој е најдобриот начин да ги претставите вашите потреби и желби уште на почетокот од идната врска.

Водолија

Ѕвездите ќе ви донесат нов бран оптимизам, кој позитивно ќе влијае на сите области од вашиот живот. Ако сте во врска, ова е одлично време да му посветите дополнително внимание на партнерот и да одите на забавен состанок. Напорот ќе биде награден. Ако сте слободни, ќе можете да привлечете нови луѓе со вашата пријатна енергија – можеби меѓу нив ќе има некој многу посебен.