На осумнаесетти март Месечината го достигнува својот максимум во полна фаза, а овој моќен астролошки феномен ќе не поттикне да посветиме повеќе внимание на себе, на своето тело, за да се вратиме на корените. Попатно ќе почувствуваме потреба да се ослободиме од се што е негативно.
Притоа, не мислиме само на она што е примарно, како што се средување мисли, стравови, грижи, лоши навики, т.е. на ментална детоксикација, но и на уредување на просторот за живеење. На тој начин ќе се ослободиме од негативните чувства и ќе обезбедиме место за таа добра и продуктивна енергија.
За Јарецот и Ракот најдобро би било да го искористат моментот и доколку можат кратко да отпатуваат за да ја вратат изгубената енергија. Девиците и Скорпиите треба да ги анализираат своите емоции и да разберат што навистина сакаат. Стрелците и Близнаците ќе се посветат на вообичаените рутини – работа, средување и тоа ќе ги врати во рамнотежа, додека Овенот и Вагата треба повеќе да се посветат на физичката активност.
Водолиите и Лавот можат да постигнат најголем напредок и успех во сферата на бројките, т.е. преку пари, инвестиции и трансакции каде што имаат големи шанси да заработат многу пари. Оние кои ја бараат љубовта на својот живот само треба да ги отворат своите срца и да бидат подготвени.
Младата месечина започнува на 1 април и тече во знакот на Овен. Младата Месечина значи нова, силна енергија, така што од 1 април ќе добиеме дополнителна доза мотивација и храброст да го смениме старото за ново. Нема да има простор за сомнеж и неизвесност бидејќи само постојаните промени се начин да растете и развивате. Нека те води срцето, сите соништа се остваруваат! Посебно ќе се охрабрат Јарецот, Вагата и Овенот.
Бикот и Девицата треба да знаат дека понекогаш е потребно да излезете од зоната на удобност, да зачекорите во непознатото бидејќи среќата ги придружува оние кои се бестрашни и кои не се двоумат. Раковите и Рибите ги очекуваат поволни можности, Лавот ќе биде особено креативен што ќе роди многу идеи, додека Стрелецот ќе биде освојувач на срцата.