Ако се прашувавте дали ѕвездите можеби имаат некаква врска со можноста да станете богати и познати, одговорот е – да!
Еве што велат астролозите кога станува збор за ваквата среќа:
Имено, откако го проучувале рангот на милијардерите на „Форбс“, вклучувајќи го и последниот, експертите заклучиле дека повеќето богати се раѓаат во знакот на Вага. Покрај милијардерите, во овој хороскопски знак има и многу познати личности, а некои од нив се Ким Кардашијан Вест, Вил Смит, Кетрин Зета-Џоунс и нејзиниот сопруг Мајкл Даглас, Гвен Стефани, Зак Ефрон, Еминем, Мет Дејмон, Кејт Винслет, Серена Вилијамс и многу други.
Мирната и интелигентна Вага ги предводат славните и богатите, а потоа по неа следат Риби, Рак, Бик и Лавови.
На дното на скалата на најбогатите знаци и оние со статус на ѕвезда се Девица, Стрелец и Јарец.