сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Сезона на Овен: Поттик за акција и освојување, овој период ќе биде особено погоден за некои хороскопски знаци

Сезона на Овен: Поттик за акција и освојување, овој период ќе биде особено погоден за некои хороскопски знаци

Денес започнува владеењето на Овен и ќе трае до 19 април. Воедно, Сонцето ќе се најде на точката на пролетната рамноденица, отворајќи ја вратата за новиот климатско-соларен циклус на северната хемисфера.

Во владеењето на првиот хороскопски знак се буди природата, а со неа и желбата за нови знаења и искуства. Кај сите хороскопски знаци ќе се почувствува поголем ентузијазам и желба за освојување.

Сезоната на Овен е погодна за започнување нови активности и менување на сето она што нè прави незадоволни. Со Овните владее планетата Марс, именувана по богот на војната и совршено ги отелотворува главните карактеристики на родените во овој знак – храброст, борбен дух и енергија. Според тоа, преминувањето на Сонцето низ знакот Овен поволно ќе влијае на енергијата и расположението на припадниците на сите знаци. Луѓето стануваат поспремни да ги поместат границите и да излезат од нивната комфорна зона.

Многумина ќе се осмелат да направат нешто што одамна сакале да го направат, но немале храброст. Желбата за докажувате ќе мотивира многумина да бидат поамбициозни и похрабри во работата. Самодовербата и претприемничкиот дух ќе растат. Внимавајте, прекумерниот оптимизам и недоволното планирање може да се покажат како стапица во некои случаи.

Кога станува збор за љубовта, ова е доба на спонтаност и импулсивност. Новите врски ќе бидат обележани со зовриени страсти. Новите парови нема да се одвојуваат еден од друг, а некои би можеле многу брзо да ја доведат својата врска на повисоко ниво.

Во долгите врски ќе летаат искри. Ќе има ситуации кои ќе предизвикуваат кавги, но партнерите брзо ќе ги закопаат секирите. И двајцата партнери ќе бидат склони кон ненадејни реакции, но лутината нема долго да ги држи.

Владеењето на Овен оваа година нема да биде динамично и турбулентно како до сега. Во март, Венера и Марс се во Водолија, па ќе бидете пријателски расположени и социјално ориентирани. Овој период ќе биде особено погоден за Овен, Близнаци, Стрелец и Водолија.

Венера во Риби и Меркур во Бик во април донекаде ќе го ублажат наглиот темперамент на Овните. Возбудата ќе продолжи да напредува, но луѓето генерално ќе бидат малку посмирени и попромислени од вообичаеното во овој период од годината.