Младата Месечина во знакот Лав на 28 јули ќе ни донесе радосни и креативни моменти. Освен тоа, ова ќе биде одлично време да направиме анализа на нашиот живот и да размислиме дали се движиме во посакуваната насока. Дали секојдневните активности нè исполнуваат со радост или само живееме по навика?
Без оглед на сознанијата во поглед на овие прашања, младата Месечина ќе биде на ваша страна и ќе ви даде поддршка да ги реализирате сите идеи и планови. Така, сè уште имате можност да ги остварите вашите соништа и да го извлечете најдоброто од животот.
Не заборавајте дека кога ќе ги отфрлите непотребните работи кои ве спречуваат да бидете тоа што сте, вие сте во состојба вистински да заблескате.
Сепак, најактивна планета за време на оваа млада Месечина ќе биде Јупитер, планета на изобилството и проширувањето. Доволно е да го слушнете шепотот на срцето за целосно да ја искористите оваа енергија. Освен тоа, во астрологијата Јупитер е познат и по тоа што носи оптимизам, па ако наидете на некаков предизвик, искористете ја оваа млада Месечина за да почнете позитивно да гледате на работите.
Но, покрај хармоничната енергија на младата Месечина нè демне и друга сила која може да ни донесе некаков немир во нашиот свет. Станува збор за конјункцијата со северниот уранов јазол. Колку и да е убава месечината, најверојатно нема да можеме да избегаме од некои пресврти што ќе бидат предизвикани благодарение на оваа моќна спојка.
Така, довербата може да ни биде разнишана. Ќе увидиме дека нашите вредности и работите од кои зависиме како општество се менуваат. Но, сето тоа ќе биде само обид за активирање на нашата колективна свест.
Освен тоа, ќе забележите и како растат тензиите во односите со саканите личности. Иако работите можат да се влошат, најважно од сè е да останете фокусирани и да негувате љубов и сочувство.
Без разлика на сè, младата Месечина ќе ве исполни со светлина за да можете да се справите со сите тензии во вашиот живот. Чувајте го пламенот на вашата страст и не заборавајте дека е доволно силен и моќен за да ве води низ сите искушенија!