Со овие хороскопски знаци нема лесно да се справите.
Овен
Имаат натпреварувачки дух, а многу лесно стануваат нервозни ако ги изиритирате или им дадете повод за кавга. Едноставно немаат трпение и знаат да изреагираат дури и на мал застој во сообраќајот или пак гужва во градскиот превоз. При поголеми ситуации, експлодираат во бес и тешко се контролираат, а и воопшто не размислуваат за последиците. Но, од друга страна, штом се смират – подготвени се да се извинат и лесно простуваат. Импулсивност и агресивност се две од карактеристиките кои се многу специфични за овој хороскопски знак.
Лав
Да се задржи смиреноста е еден од најголемите предизвици за овој знак. Тие се жестоки и гласни, а често се нервираат поради секоја мала ситница кога нешто не е по нивно. Не им пречи воопшто да ви се развикаат на јавно место. Знаат да направат сцена дури и за безначајни ситуации.
Рак
Не е потребно многу да се трудите за да го вознемирите емотивниот Рак. Тие се големи песимисти и многу се сомничави околу другите луѓе, па често доживуваат неконтролирани изливи на бес ако тоа се покаже како точно во однос на луѓето кои тие ги засакале. Ако заборавите да ги поканите на забава која ја организирате, својата лутина ќе ја преточат во огромна порака. Најчесто и така реагираат – порака или емаил, а не директно конфронтирање.