недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Тие не се откажуваат: Хороскопски знаци кои секогаш даваат втора шанса во љубовта

Тие не се откажуваат: Хороскопски знаци кои секогаш даваат втора шанса во љубовта

Речиси на сите во животот ни се случува барем една љубов на која ѝ даваме втора, трета или бесконечно многу шанси.

Сепак, припадниците на знаците Рак, Риби, Бик и Вага се вистински шампиони во овој поглед.

Тие ретко ги бришат телефонските броеви на поранешните партнери, се надеваат и често ги обновуваат емоциите, особено во напливот што се случува кога ќе се сретнат.

Мислат дека ако дадат уште една шанса, можеби нешто ќе се смени. Некогаш се во право, но некогаш само повторуваат грешка која ги повредува нивните суети, но и емоции.

Погледнете на кој начин овие четири хороскопски знаци ја манифестираат оваа особина, понекогаш поради носталгија, но често и поради ненадминати чувства.

Рак и Риби

Заедничко за овие два знака, кога се во прашање старите љубови, е што често дозволуваат носталгијата да владее со нив, особено кога ќе чујат некоја специфична песна, ќе посетат заедничко место, ќе помирисаат одреден парфем…

Сите овие нешта може да ги потсетат на среќните денови со бившиот партнер и да добијат желба да му се јават и да се обидат да го обноват она што го имале, заборавајќи дека завршило со причина.

Сакаат да бидат во својата безбедна зона, иако во неа не секогаш е идеално.

Доколку се пронајдовте во описот, потрудете се да не им дозволите на емоциите да управуваат со вашиот разум, бидејќи сигурно не би сакале повторно да бидете повредени како што бевте претходниот пат.

Бик и Вага

Припадниците на овие знаци исто така не сакаат да ја напуштаат својата безбедна зона, но за разлика од Ракот и Рибите, паѓаат на романтика, а помалку на носталгија.

Веруваат во сродна душа и простуваат многу повеќе отколку што треба, дури и кога биле навистина повредени.

Она што ги враќа кај поранешните партнери е идеализирањето на љубовта која ја имале и преувеличување на емоциите кои се појавуваат при случајната средба.

Затоа, не дозволувајте ваквиот наплив на емоции да ви го „помати“ умот и да мислите дека вашето единствено засолниште е токму она од кое, всушност, треба да бегате што подалеку.