Само еднаш во годината се случува ден кој астролозите го нарекоа „ден на чудата“, а оваа година ќе се случи на 5-ти март.
Тој ден ќе биде и конјукција на Јупитер и Сонцето, што дополнително ќе влијае на хороскопските знаци.
Јупитер менува знак секои 12 до 13 месеци и секоја година е во средба со Сонцето во друг знак.
Оваа година, “денот на чудата“ според хороскопот ќе се случи на 5-ти март и Јупитер ќе биде во Риби.
Рибите се знак на фантазијата, поместување на границите, уметноста, сочуството, означуваат сништа и исцелување. Астролозите „денот на чудата“ во оваа смисла го дефинираат како изненадна и добродојдена промена на перцепцијата која нас од страв не води во љубов.
Јупитер носи среќа, авантура, желба за ризик, додека Сонцето ни дава снага, верба, енергија и елан.
Кога ќе се сретнат на небото, а оваа година тоа ќе се случи на 5-ти март во нас буди желба да промениме тоа што не чини, а воедно ни дава снага тоа да го направиме.
Може да е во прашање работата, љубовта или некоја важна одлука, 5-ти март како „денот на чудата“ е ден кога би требало да тргнеме во реализација на своите планови.