среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

За три хороскопски знаци март е исклучително тежок месец

За три хороскопски знаци март е исклучително тежок месец

Март е месец во знакот на Риби, емоциите се поинтензивни, но во втората половина на месецот, кога започнува времето на Овен, тензијата ќе почне да расте.

Во текот на март, најтешко ќе им биде на родените во знакот на Бик, Лав и Стрелец. Нив ги чека период на лична трансформација, разговори самите со себе, согледување на нужните промени, што понекогаш не е лесно да се доживеат, а уште повеќе да се направат.

Бик

Од 20 март ќе се активираат потешки и поинтензивни емоции. Наместо да се обидувате да избегате од нив, треба да се соочите со нив. Ако се препуштите и го сторите тоа, можете да почувствувате позитивни промени.

Лав

Ако се чувствувате лошо до 20 март, за време на сезоната на Риби, не бидете изненадени. Можеби во овој период ќе станете свесни за сите работи во вашиот живот што треба да ги промените, лошите навики од кои сакате да се откажете.

Сепак, да се ослободите од сè не е лесно, па така овој месец може да почнете да ги „пробивате“ вашите стравови и да започнете да ги менувате работите.

Стрелец

Сезоната на Риба, до 20 март, може да покрене чувствителни теми во вас. Време е да се фокусирате на деловите од вашиот живот што никој не ги гледа.

Можеби ќе имате расправии и тешки разговори во кругот на семејството, а време е да се охрабрите да поттикнете разговори за некои теми кои ги одложувате подолго време.