Резултатите од истражувањето во Финска со кучиња кои можат да намирисаат заболен од новиот коронавирус, покажуваат дека кучињата дошле до речиси идентични резултати како од ПЦР тестовите.
Три кучиња намирисале 2.200 патници кон крајот на септември на аеродромот Хелсинки-Ванта и откриле Ковид-19 кај 0,6 отсто од патниците.
– Од 16.000 до 17.000 ПЦР тестови беа реализирани на аеродрмот и помалку од еден процент од патниците беа позитивни, изјави градоначалникот на Ванта, Тимо Аронкјито.
Четири кучиња од различни раси, обучени од финското Здружени за откривање на мириси, од 23 септември почнаа со „работа“ на аеродромот во Хелсинки. Истражување на алтернативни методи за тестирање на Ковид-19 е проект финансиран од финската Влада и ќе трае до декември.
Финска се одлучи на такво тестирање откако во студија на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Хелсинки навести дека дресирани кучиња можат да го откријат новиот коронавирус со сто проценти сигурност.
Патниците кои се согласни бесплатно да се тестираат на аердромот во Хелсинки не мораат да имаат директен физички контакт со кучето. Тие требаа само да се избришат со марамче и да го стават во тегла, а потоа кучето го мириса во одвоена кабина.
Финска е втора земја во светот која обучи кучиња за детектирање на Ковид-19. Такво тестирање летово беше спроведено во главниот град на Обединети Арапски Емирати.
These dogs are trained to sniff out coronavirus, and you could be seeing them in an airport near you as soon as next year. “This can save lives,” researcher Anna Hielm-Bjorkman says. pic.twitter.com/zGwhnhPmaR
— The News with Shepard Smith (@thenewsoncnbc) October 29, 2020