-Луѓето мислат дека се шегувам кога ќе им се претставам, па каде и да одам морам да имам документ како доказ за идентитетот, се пожали Џими Корона кој живее во еден град во Англија.
Тој посочува дека такви проблеми немал пред да се појави пандемијата.
Овој 38 годишен маж морал да покаже документ за идентификација на медицинскиот персонал по раѓањето на неговиот син бидејќи тие не верувале дека бебето навистина така се презива, а го носи името Џими Џозеф Корона.
Објаснува дека се работи за презиме со полско потекло кое е искучително ретко.
-Чудно ми е да го слушав своето презиме насекаде. Едноставно многу е чудно да се слуша како постојано се изговара. Тоа е презиме кое речиси никој кој нема, а сега секојдневно е на вестите, во сите весници и на радио. Тоа е лудо, вели Џими.
Презимето почнало да му прави проблеми и на работното место бидејќи доставувачите не веруваат дека треба да добијат потпис од човек кој го носи презимето Корона.
-не веруваат, прашуваат дали станува збор за шега, а мојата компанија мора да објаснува дека навистина така се презивам. Лудост е колку труд морам да вложам за да докажам кој сум, вели Корона.
Тој и неговата свршеница Лорен планираат да направат свадба по завршување на пандемијата.