четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Како да ги заведете хороскопските знаци?

Како да ги заведете хороскопските знаци?

Постои причина што заведувањето често се нарекува и уметност. Тоа е повеќе од флертување и вклучува контакт со очите, допир, сензуалност, но и интелигентен разговор кој зависи од вештините на личноста.

Ова се неколку карактеристики на секој од 12-те хороскопски знаци, кои ќе ви помогнат како да ги заведете полесно.

Овен

Претставниците на овој знак се карактеризираат со интензивна сексуалност и се речиси незаситни. Тие се сигурни во себе и немаат проблем да го направат првиот чекор. Затоа, не чекајте многу – грабнете ги и бакнете ги. Исто така, не се плашете да им го кажете или покажете тоа. Бидете слободни во изразувањето, бидејќи ќе им се допадне вашата искреност.

Бик

Биковите не сакаат љубов на кратки патеки, тие уживаат во целиот процес на заведување. Тие имаат развиено длабока почит за убавината и љубовта како и за останатите фини нешта во животот, така што потрудете се да им купите подароци кои се убави, но и скапи. Кога конечно ќе се приближите до фазата на сексот, потрудете се да имате доволно енергија, бидејќи тие на сексот гледаат како на еден долг маратон.

Близнаци

Тие го сакаат знаењето и можете да ги освоите со покажување интелект. Колку повеќе знаете на темата и колку повеќе зборувате, толку поголема е веројатноста целосно да ги заведете. Тие ги сакаат креативноста и авантурите и во голем мера ужуваат во сексот. Можеби ќе бидете срамежливи да имате секс по телефон или да си праќате „валкани“ пораки, но близнаците ќе го обожаваат тоа.

Рак

Раковите се многу претпазливи и нема да влетаат во кревет со било кога. Доколку сакате да заведете претставник на овој знак, бидете нежни и внимателни. Подгответе им вечера со фина музика и романтично осветлување и бидете свесни дека тие ќе сакаат мали допири, интимни разговори и многу фини нешта за да влезат во расположението кога ќе можат целосно да се предадат.

Лав

Првото правило во заведувањето на лавовите е да не правите ништо што е половично, ништо што ќе ги навреди или нешто што нема да им покаже дека тие се единствените. Фокусирајте се на нив како на ласер и подгответе се да им кажете и покажете дека се најдобри во сè. Колку поголем напор ќе направите за да бидете со нив, толку повеќе ќе го ценат тоа. Доброто нешто лежи во тоа што тие навистина ќе го ценат вапиот напор и колку повеќе им давате, толку повеќе ќе ви возвратат.

Девица

Тие не сакаат хаотични ситуации, а тоа ве вклучува и вам. За разлика од другите знаци, тие ќе сакаат да бидете чисти, да имате хигиенски навики и чисти алишта и да мирисате убаво. Иако веројатно ќе имате проблем на почетокот со нив, бидејќи се многу комплицирани, сепак треба да знаете дека тие се големи перфекционисти и сакаат нештата да бидат целосни. Тоа значи дека навистина ќе морате да се потрудите.

Вага

Претставниците на овој знак сакаат баланс, така што доколку им изгледате премногу силни – ќе ги исплашите, но доколку не изгледате доволно силни, ќе сметаат дека не сте доволно заинтересирани. Тие сакаат љубовник кој точно знае што прави. Иако се смирени и чисти личности, треба да знаете дека тие често можат да бидат многу несигурни, затоа потрудете се да им покажете дека навистина ви значат.

Шкорпија

Тие се страствени, интензивни и секогаш сакаат да се главни. Можеби ќе мислите дека заведувањето доаѓа од ваша страна, но ќе бидете изненадени кога шкорпијата ќе ја преземе играта. Тие се толку доминантни, што може да биде и претерано. Сепак, ноќта со претставник од овој знак е нешто што никогаш нема да го заборавите.

Стрелец

Стрелците можат лесно да бидат заведени со хумор. Поканете ги на некоја комедија или смешно шоу и на тој начин лесно ќе ги опуштите. Но, внимавајте да не брзате премногу, бидејќи тие сакаат да одат чекор по чекор. Тие сакаат да поминуваат време во природа и затоа можете да ги однесете на романтично кампување во природа или на прошетка под ѕвездите.

Јарец

Претставниците на овој знак сакаат структура и затоа структурираниот пристап е најдобар за нив. Лимитирајте ја првата средба со мал бакнеж, за да на следната преминете на посериозен разговор или пак посилно и постраствено бакнување. По ова, тие веднаш ќе бидат освоени и се ваши и посветени љубовници, додека им покажувате внимание.

Водолија

Кај водолиите потребно е прво да го освоите нивниот ум, а потоа телото. Важно е да знаете дека триковите кои се успешни кај останатите знаци од хороскопот, најверојатно ќе бидат успешни кај водолиите. Тие сакаат нови, свежи и спонтани нешта, бидејќи се уникатни. Тоа ќе го забележите и во љубовта во нив, откако ќе ги освоите.

Риби

За рибите, љубовта е најважното нешто во животот. Тие живеат за да сакаат и да бидат сакани и затоа мошне важно е да видат искрен напор од ваша страна. Тие се посветени љубовници со неограничена фантазија и затоа љубовта и сексот со нив ќе бидат секогаш незаборавни.