четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Колку повеќе одиме кон истокот на Европа…: Белгиски експерти со шокантно откритие за коронавирусот на Балканот

Колку повеќе одиме кон истокот на Европа…: Белгиски експерти со шокантно откритие за коронавирусот на Балканот

Експертите од Универзитетот Гент (UGent) сметаат дека генетските разлики меѓу жителите би можеле да објаснат зошто во некои земји од коронавирус настрадале многу поголем број на луѓе.

Според нив, скандинавските земји и оние во источна Европа се помалку погодени од пандемијата од останатите земји поради разликите во гените. Имено, во скандинавските земји бројот на починати е значајно повисок од просекот, додека во балканските, исто така е забележан релативно низок број на починати. Спротивно од тоа, пандемијата COVID-19 тешко ги погодила Италија, Шпанија, Велика Британија…

Одредени генетски карактеристики влијаат на јачината на пандемијата на COVID-19, заклучиле експертите и објасниле дека откриле врска меѓу генот ACE1 и COVID-19, пишува „La Libre“.

Белгиските научници откриле дека колку повеќе жителите на некои земји имаат Д полиформизам на генот ACE1, толку помалку смртни случаи има на тоа подрачје од коронаворисот.

Полиформизам е поим кој во генетиката опишува појава на повеќе варијанти од истиот ген внатре во една популација.

„Колку повеќе одиме кон истокот на Европа, толку е почест полиформизмот Д на генот ACE1. Тоа е во корелација со сериозноста на пандемијата на коронавирусот, односно гледаме дека епидемијата се намалува како минуваме од западна во средна и источна Европа“, објаснил микробиологот и имунолог Јорис Далнге од “UGent”.

Експертите сметаат дека со овој облик на полиморфизмот на генот ACE1 може да се објасни до 41 процент од разликите во нивоата на пандемијата меѓу земјите.