понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Мајка од пеколот: Го тужела синот затоа што се грижела за него кога бил мал

По жестоката судска борба, судот одлучил дека договорот е валиден и дека Чу треба на својата мајка да и плати еден милион долари, но и заостанати камати.
Мајка од пеколот: Го тужела синот затоа што се грижела за него кога бил мал

Судот во Тајван му нареди на еден човек да и плати на својата маја еден милион долари бидејќи се грижела за него и му плаќала школување. Мајката, која е идентификувана само по презимето Лу, го тужела својот втор син бидејќи го прекршил договорот кој го имале потпишано во 1997 година.

Нејзиниот син Чу одбил да се држи кон договореното и во судот рекол дека не треба да плаќа финансиски надоместок бидејќи тој е нејзино биолошко дете, како и дека бил млад кога тој го потпишал спорниот договор.

По жестоката судска борба, судот одлучил дека договорот е валиден и дека Чу треба на својата мајка да и плати еден милион долари, но и заостанати камати.

Лу во своето сведочење тврдела дека за подигање на своите две деца потрошила 675.800 долари и како самохрана мајка направила договор дека по заврушавањето на образованието тие ќе се грижат за неа.

Во Тајван, децата според закон се должни да се грижат за своите родители кога ќе пораснат, но малкумина од родителите се одлучуваат за тужба врз основа на оваа норма.