сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Не им е местото на плажа: Еве зошто не треба да се мачкате со овие масла и зошто не се добри за сончање

Не им е местото на плажа: Еве зошто не треба да се мачкате со овие масла и зошто не се добри за сончање

И денес многу луѓе се колнат во маслиново масло и некои други масла, велат дека им помагаат побрзо да добијат бронзена боја, но верувајте дека нивното користење не е воопшто добра идеја!

Иако апсолутно секогаш се препорачуваат природни состојки и природни производи за кожата, запомнете дека тоа не е случај кога ќе одлучите да се препуштите на привлечноста на сонцето: тие не содржат заштита од зраците, ќе изгорите!

Затоа најдобро е да се разгалите со докажани производи кои содржат висок степен на заштита, а еве што уште може да ви се случи доколку не се откажете од „проверените“ домашни рецепти…

Маслиново масло

Маслата кои се наменети првенствено за готвење во никој случај не се добри за потемнување, а тоа важи и за маслиновото масло кое најчесто се користи за побрзо да се добие потемен тен.

Масло од кантарион

Маслото од кантарион, кое се добива од цветовите на истоименото растение, е можеби најлошиот избор за потемнување на кожата. Причината за тоа е што состојка која се наоѓа во него во комбинација со сончевите зраци може да предизвика алергиски реакции на кожата, без разлика што се работи за природно масло.

Кокосово масло

Поради своите квалитети, многу се користи, но не му е местото на плажа. Ќе избегнете чести алергиски реакции и нема да изгорите доколку го замените со крем или млеко со висок заштитен фактор. Во спротивно, вие сте во неволја.

Маргарин

Верувајте, дури и во 21 век, кога можете да купите милион производи за потемнување со висок квалитет, има луѓе кои веруваат дека ако се намачкаат со маргарин, побрзо ќе потемнат. Заборавете на таа идеја еднаш засекогаш бидејќи оваа храна остава дамки на телото. А бидејќи не содржи заштитен фактор, сигурно ќе изгорите на силното сонце.