среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Во продажба спреј кој ги штити површините од коронавирус до 90 дена

Во продажба спреј кој ги штити површините од коронавирус до 90 дена

Научници од хонгконшкиот Универзитет за наука и технологија, развија антивирусна супстанција којашто ќе може да ги штити површините од новиот коронавирус и до 90 дена.

Цената на МАП-1 е осум евра. Инаку, научниците на ова средство во облик на спреј работеле 10 години.

Според нив, тоа ги штити површините на јавни места, како што се огради на скали и лифтови.

– Овие места се допираат од многу луѓе и на тој начин стануваат многу лесни преносители на болести. Спрејот е составен од милиони нанокапсули со дезинфекциски средства коишто ги уништуваат бактериите и вирусите – објаснува професор Џозеф Кван, еден од водечките истражувачи на Универзитетот.

Тој додава дека ефикасноста на МАП-1 се зголемува при полимери чувствителни на топлина, кои се распаѓаат во допир со човек и така ги ослобoдуваат дезинфициенсите. Спрејот е нетоксичен и безбеден за кожата и за животната околина. Одобрен е за службена и масовна употреба во февруари, по клинички испитувања во една болница во Хонк Конг.