вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Диетата на Бијонсе и Џеј Зи: Трае две недели, а една намирница е клучна за секој оброк – Дали би ја пробале?

Диетата на Бијонсе и Џеј Зи: Трае две недели, а една намирница е клучна за секој оброк – Дали би ја пробале?

Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи, се обидуваат да се грижат за својот изглед, но во еден момент од животот сепак се бореле со вишокот на килограми.

Како што еднаш откриле, тогаш преминале на популарната медицинска или болничка исхрана. Со едноставно мени и 3 оброци на ден, вишокот килограми се елиминира со забрзување на метаболизмот. Овој начин на слабеење е поздрав од рестриктивните диети, а првите резултати се видливи многу брзо.

Препорачливо е да се придржувате до диетата 15 до 18 дена, а важно е да се исклучат од исхраната шеќерот, тестенините, компирот и сите житни производи. Исто така, не е дозволено консумирање на алкохол, а потребно е да се пијат 2 литри вода дневно.

Намирницата која се повторува во скоро секој оброк се портокалите, а менито е прилично едноставно. Појадокот секогаш се состои од исти намирници и тоа: 1 портокал, 1 парче тост и шолја чај или, пак, кафе.

За вечера и ручек се препорачува комбинација од варени јајца, двопек, портокали, говедско месо и зеленчук.

Значи, ако јадете јајца за ручек, изберете месо за вечера и обратно. Се препорачува и намалување на внесот на сол, а максималната препорачана доза е 5 грама дневно. Откако ќе завршите со диетата, постепено воведувајте нормална исхрана. Сепак, ограничете го внесот на шеќер и сложени јаглехидрати