вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Го нападнаа поради овој став, но тој со факти и детално образложи: Зошто мојата сопруга ја сакам повеќе од моите деца?

Го нападнаа поради овој став, но тој со факти и детално образложи: Зошто мојата сопруга ја сакам повеќе од моите деца?

Писателот, сопруг и татко Мајк Бери на својот блог откри зошто неговата сопруга ја сака повеќе од децата.

Некои луѓе го критикуваа, додека други го поддржаа.

Ова е неговото објаснување зошто сопругата му е пред децата:

Нашата силна врска е основа на семејството

Темелите на семејството не се децата, туку јас и мојата сопруга. Ние сме основата врз која се гради сè друго, па ако таа структура е хаотична, очекувано е сè да се распадне.

На вашите раменици лежи одговорностa, а децата потоа ќе го изберат својот пат, следејќи го вашиот пример.

Прво бевме ние двајца, а потоа дојдоа децата

Пред да се појават децата, ние бевме сами. Бевме вљубени и едвај чекавме секој миг да го минеме заедно, секое искуство да го споделиме, убаво ни беше и затоа одлучивме целиот живот да го минеме заедно.

Тоа беше почетокот од нашето патување, а потоа нашите убави деца се појавија. Се разбира, благодарни сме што ги имаме, но нашата заедница е света.

Децата ќе израснат и ние повторно ќе бидеме сами

Децата ќе одлетаат од гнездото, ќе имаат свои семејства и ќе воспитуваат свои деца.

Па, така тогаш ќе бидеме само јас и сопругата и затоа сакам врската да ја одржам силна, како и на почетокот. За да бидеме среќни тогаш, мора постојано да работам на нашата врска и таа да ни биде приоритет, а тоа на моменти не е толку едноставно, како што звучи.

Мора да им бидеме убав пример на децата 

За моите деца да израснат во здрави индивидуи со правилни животни ставови мора да имаат добар пример, кога е љубовта и бракот во прашање.

Сакам хармоничната врска што ја имаме со мојата сопруга да им биде пример, па затоа сопругата ми е на прво место, а децата на второ. Кога децата гледаат колку нивните родители се сакаат, добиваат впечаток дека и тие се сакани и се чувствуваат безбедно.