сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Мајка била алергична на своето бебе: Наместо да ужива во бременоста, таа добила неочекувана дијагноза

Мајка била алергична на своето бебе: Наместо да ужива во бременоста, таа добила неочекувана дијагноза

Британка раскажа како во текот на бременоста се борела со ретка болест поради којашто била „алергична“ на своето, сопствено бебе. Сепак, сега и бебето и мајката се чувствуваат многу подобро.

Сè почнало кога Фиона Хукер забележала осип на својот стомак лани во април, кога била во седмиот месец од бременоста. Лекарот ѝ препишал крема, но осипот набрзо се претворил во плускавци. Лекарите потоа ѝ ја дијагностицирале ретката автоимуна болест – пемфигоид гестационис (ПГ).

Според наводите, тоа се случува кај една од 50.000 жени, а реакцијата е предизвикана од генот на нејзиниот син поради што имунолошкиот систем „ја напаѓа“ нејзината кожа.

Дерматолозите потоа ѝ препишале доза орални стероиди, кои требало да ги зема следните шест месеци.

-Сè уште понекогаш чувствувам чешање, па користам крема на база на стероиди. Моето тело сè уште е во процес на опоравување. Истражувањата покажаа дека осипот ќе се врати во идните бремености и ќе биде многу поболен. Мислам дека не би можела повторно да минам низ сè ова, изјави Хукер за „Индепендент“.

Иако осипот е речиси повлечен, тој сега може да се појави и од одредени хормони и во помала мера повторно избувнува, на пример, при менструација.