сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Научници од Глазгов открија: Вирус кој предизвикува настинка го забавува Ковид-19

Научници од Глазгов открија: Вирус кој предизвикува настинка го забавува Ковид-19

Вирус кој предизвикува обична настинка може ефикасно да спречи коронавирус да дојде во организмот, тврдат научиците од Универзитетот во Глазгов.

Познато е дека вирусите се натпреваруваат кој ќе предизвика инфекција, а научниците од овој универизтет сметаат дека риновирусот кој предизвикува настинка го победува Ковид-19, пренесува Би-Би-Си.

Користа од ова е краткотрајна, но од друга страна риновирусот е многу распространет па секако би помогнал во сузбивањето на Ковид-19.

Грипот е еден од „најсебичните“ вируси во светот и речиси секогаш самостојно е присутен. Од друга страна аденовирусите сакаат да дела ќелии со други вируси. Многу се шпекулираше за тоа како вирусот кој го предизвикува Ковид се нашол во таа интеракцијасо останатите вируси. Она што е предизвик за научниците е во ситуација на физичка дистанца која го успори ширењето на другите вируси, ова да се проучи.

Тимот од Центарот за истражување на вируси во Глазгов користел реплика од слузницата од дишните патишта, направена од истите ќелии и ја заразил со коронавирус и риновирус кој се смета за најраспространет кај луѓето и предизвикувач на настинка.

Резултатите се интересни. При пуштање на двата вируси истовремено, само риновирусот успеал да влезе во ќелиите. Во случај кога риновиусот бил пуштен 24 часа пред Sars-CoV-2, коронавирусот немал никакви шанси. Дури и во случај кога Sars-CoV-2 имал предност од 24 часа, повторно риновирусот „победил“.

-Sars-CoV-2 не може да земе залет бидејќи е задржуван од риновирусот. Ова е возбудливо, бидејќи ако имате висока преваленција на риновирус, тоа би можело да ја запре новата инфекција со коронавирус, истакнал Пабло Мурсија, еден од авторите на студијата за Би-Би-Си.

Слични ефекти се забележани и порани – големата распространетост на риновирусот ја одложи пандемијата на свински грип во 2009 година во некои делови од Европа.

Дополнителни истражувања покажале дека риновирусот го поттикнува имуниот одговор внатре во заразените ќелии што ја блокира способноста на Sars-CoV-2 да се реплицира. Кога научниците го блокирале имуниот одговор присутноста на Ковид-19 била иста како риновирусот да не е тука.

Меѓутоа, Ковид-19 би можел повторно да предизвика инфекција кога настинката ќе помине и имуниот одговор ќе стагнира.

-Вакцинација, плус превентивни мерки плус интеракција меѓу вирусите би можело значително да го намали ширењето на коронавирусот, но сепак максималниот ефект се очекува од вакцинацијата, заклучува доктор Мурсија.