Осумчасовната диета е режим за слабеење осмислен од Дејвид Зинченко, автор на популарната книга „Јадете го ова не тоа“ (Eat This Not That).
Клучот за осумчасовна диета е во тоа да се јаде само во определени осум часа денот, а останатите 16 часа – се пости.
Нема строги правила точно која храна треба да се консумира, туку КОГА тоа се консумира. Само треба да си ја одредите таа рамка од осум часа и да се придржувате до неа.
Сепак, тоа не значи дека може да живеете само на чипс и хамбургери. Најдобри резултати се постигнуваат ако внесувате здрава храна во дневните оброци.