недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Нови ужасни факти за короната- откриено е какви трајни последици може да им направи на младите луѓе, но не е поврзано со дишењето!

Нови ужасни факти за короната- откриено е какви трајни последици може да им направи на младите луѓе, но не е поврзано со дишењето!

Се чини дека коронавирусот создава многу поголеми проблеми кај младите луѓе отколку кај постарите лица.

Како што пренесува CNN постојат се повеќе докази дека вирусот корона може да создаде неприродно грутчење на крвта, а како последица на тоа и мозочен удар.

Неврохирургот Томас Оклеи од Њујорк и неговите колеги соопштија податок дека дури пет луѓе помлади од 50 години кои се лечеле од мозочен удар имале симптоми на коронавирусот.

„Се чини дека вирусот предизвикува силно згручување на крвта што доведува до сериозен мозочен удар“, вели тој за CNN.

Тој потенцира дека не е  вообичаено толку млади луѓе да имаат мозочен удар, особено мозочен удар во големите крви садови во мозокот.

„Споредувањето веќе е во тек, нашите служби во изминатите 12 месеци имале пациенти со мозочен удар во просек на секои две недели или во проценти 0,73 пациенти биле помлади од 50 години, или тоа е два пациента месечно“, вели тој.

Докторот апелира до младите луѓе да внимаваат на симптомите на коронавирусот и доколку имаат какви било симптоми веднаш да одат на лекар.