недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ново истражување: ОВОЈ симптом сега е најчест проблем кога имате коронавирус

Ново истражување: ОВОЈ симптом сега е најчест проблем кога имате коронавирус

На почетокот на пандемијата на коронавирусот, симптомите на кои треба да се обрне внимание беа губење на сетилото за вкус и мирис, како и отежнато дишење и треска. Сега најголем проблем е главоболката.

Оттогаш, типичните карактеристики на Ковид се сменија. Најчесто пријавените симптоми на ковид во последните неколку недели се сосема различни и зависат од тоа дали заразените биле вакцинирани или не, според истражувањето спроведено во Велика Британија, врз основа на апликацијата Covid Symptoms Tracker, каде пациентите сами ги пријавуваат своите искуства.

Четири од петте главни симптоми на Ковид беа исти за оние кои примиле две дози од вакцината, една или воопшто не биле имунизирани. Тие симптоми беа главоболка, постојана кашлица, болки во грлото и течење на носот. Сепак, главните симптоми се разликуваа во рангирањето за секој пријавен статус на вакцинација.

За оние кои примиле две дози од вакцината против Ковид, назалната конгестија беше доминантен показател за инфекција. Други симптоми вклучуваат болки во грлото, течење на носот, постојана кашлица и главоболка.

Во групата пациенти кои примиле само една доза од вакцината против корона, првиот симптом на инфекција била главоболка, проследена со течење на носот, болки во грлото, кивање и постојана кашлица.

Оние кои не примиле ниту една доза од вакцината, инфекцијата со Ковид се манифестирала со главоболка, болки во грлото, течење на носот, треска и постојана кашлица.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), има многу други симптоми на Ковид и тие вклучуваат замор, гадење, болки во телото и многу повеќе.