Една мајка се нашла во прилично непријатна ситуација, откако се спротиставила на учителката на својата ќерка.Таа го споделила своето искуство на социјалниот форум „Редит“ и побарала совет, прашувајќи се дали реагирала соодветно.
Имено, додека одела да ја земе ќерката од училиште, се сретнала со учителката која рекла дека одењето дома е „најдобриот дел од денот“.
Иако можеби некој дури и не би ги коментирал нејзините зборови, оваа мајка била многу вознемирена, а другите родители и рекоа дека е многу неразумна и дека претерала.
Мајката напишала:
– Дали сум неразумна да мислам дека наставничката на ќерка ми не требаше да го каже ова? Мојата ќерка и јас налетавме на учителката надвор од училиштето попладнево, а ќерка ми ја праша дали оди дома, на што таа одговори без срам: „Да, тоа е најдобриот дел од денот“. Дали сум неразумна мислејќи дека е малку грдо да се каже тоа на мало дете кое цел ден е под ваша грижа? Се прашуваше таа.