понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Оваа мала убавица преживува ужас: Алергична е на вода, кога плаче или се поти чувствува болка (ФОТО)

Оваа мала убавица преживува ужас: Алергична е на вода, кога плаче или се поти чувствува болка (ФОТО)

На малата Ајви Енгрмен од Минесота минатиот октомври ѝ било дијагностицирано аквагенска уртикарија (aquagenic urticaria).

Нејзините родители забележале дека нешто не е во ред кога виделе дека по бањањето добивала црвен осип на кожата. Прво претпоставувале дека е алергија на некој шампон или сапун. Но, направиле промена на козметичките средства и ситуацијата останала иста.

Потоа, родителите ја однеле на доктор кој ѝ открил навистина ретка алергија, што ја имале само околу 50 луѓе во светот. Сфатиле дека нејзиниот живот ќе биде полн со забрани.

Таа нема да може да ужива во капењето дома, во базен, во прскање со другарчињата или мавање со снежни топки, бидејќи на нејзината кожа ќе се јавува црвенило.

Дури и дождот, плачењето и потењето ѝ предизвикуваат болка.

Ситуацијата станала толку неподнослива, што Ајви почнувала да вреска по само 15 до 20 секунди бањање. Нејзините родители започнале да ѝ ја одржуваат хигиената со помош на влажни марамчиња.

Сега ја капат еднаш неделно и велат дека им се кине срцето притоа. Потоа не можат да користат пешкир, затоа што ја боли премногу, и оставаат така да се исуши.

Исто така, имаат огромна тешкотија како да ѝ наложат на својата ќерка да не плаче.

Ајви прима лекарства за да се намалат симптомите на алергијата, но ѝ даваат само кога планираат да има допир со вода, а не секојдневно за да не стане имуна на нив.

„Докторот на Ајви ми кажа дека на светот имало жена која била алергична дури и на пиење вода, па пиела само одреден тип на сок. Навистина ме плаши помислата дека Ајви може да дојде и до таа фаза.“, изјави мајката на девојчето за британските медиуми.