Гинекологот др. Вања Милошевиќ од соседна Србија истакна дека има различни компликации на менструалниот циклус кај жените по прележување на вирусот Ковид-19.
„Забележавме дека пациентите кои биле подложени на вирусот Ковид-19 имале проблеми со циклусот. Освен доцнењето и отсуството на менструалниот циклус, тој се нарушува и волуменски, односно се циклусот трае подолго или пократко“, вели гинекологот.
Таа посочи дека причините сè уште не можат точно да се кажат, но дека е забележано дека тие не се долготрајни.
„Не можеме точно да зборуваме за причините, но она што е исто така карактеристично, што оди со менструацијата, познатиот ПМС, и сите состојби кои ја придружуваат менструацијата – болки, тахикардија, респираторни нарушувања, сето тоа некако оди со појавата на симптомите на вирусот Ковид-19, генерално, сето тоа трае колку што трае вирусот“, вели др. Вања Милошевиќ.
По престанокот на симптомите овие состојби се враќаат во нормала, посочува докторката.
„Од нашето искуство утврдивме дека по престанокот на симптомите овие состојби се враќаат во нормала. Она што исто така го научивме е дека и ова е прашање на стрес и хормони мора да биде дел од севкупна анализа. Наша препорака е да се обратите кај вашите гинеколози доколку забележете вакви појави“ вели др. Милошевиќ.