среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овој симптом е клучен показател за Ковид-19: Се манифестира на три начини

Овој симптом е клучен показател за Ковид-19: Се манифестира на три начини

Многу луѓе кои се заразени со коронавирусот го имале овој симптом, кој што вообичаено се јавува во првата фаза на инфекцијата.

Професорот по имунологија и инфективни заболувања во Училиштето за јавно здравје при Универзитетот Харвард, Ендру Чан, со помош на апликацијата Ковид Симптом Стади ги следел пациентите заболени од коронавирусот.

Кога приметил дека апликацијата забележува поголем број на случаи со осип и оток на кожата, како и воспаление на прстите и прстите на нозете, американскиот професор почнал да ги следи сите пријавени симптоми.

Осипот се манифестира на три начини:

Осип во вид на копривница (уртикарија): изненадна појава испакната на кожа, која се појавува и исчезнува брзо, отприлика неколку часа и вообичаено предизвикува чешање. Може да го зафати било кој дел од телото и често започнува со интезивно чешање на дланките или табаните, а може да предизвика и оток на устата. Овие осипи може да се појават на почетокот од инфекцијата, но може да траат подолго време.

Осип во вид на везикули на црвена основа ( еритематозен папуларен или везикуларен осип) : Мали, црвени точки кои што предизвикуваат чешање, а може да се појават било каде на телото, посено на лактите и колената, како и на задните делови на раката и ногата. Осипот може да трае со денови или недели.

Ковид прсти: црвена и виолетова испакнатост на прстите или на прстите на нозете, кои шо може да бидат болни, но вообичаено не предизвикуваат чешање. Овој вид на осип, најспецифичен за Ковид-19, почесто се појавува кај помлади луѓе кои ја имаат оваа болест и вообичаено се јавуваат во доцната фаза на болеста.

Во истражувањето кое е фокусирано само на осип, покриени се околу 336.000 корисници на апликацијата во Велика Британија.

За потсетување, поранешната студија за Ковид-19, откри дека 17 осто од 11.546 испитани луѓе имале осип како прв симптом на Ковид-19.

Меѓу сите пријавени кои што патат од осип, 21 осто кажале дека тоа им е единствениот симптом.

До сега, Центарот за контрола и превенција на болести, осипот не го наведуваат како симптом на корона вирус.