Носењето на маските и ракавиците може да го намали ризикот од коронавирус и неговото пренесување, но само ако тоа го правите правилно.
Ако ги правите овие 7 грешки при носење на заштитните ракавици, тогаш попаметно е да прекинете со оваа навика.
-Погрешно ги вадите
Откако ќе ја извадите едната ракавица, со „голата рака“ не смее да ја допрете другата. Наместо тоа, треба да ги протнете прстите во внатрешноста и така да ја извлечете додека не ја извадите.
-Носите ракавици и го допирате лицето
Во оваа ситуација ракавиците ја губат поентата, бидејќи од нив ги пренесувате бактериите на лицето.
-Не ги миете рацете пред да ги ставите ракавиците
Понекогаш луѓето забораваат дека и пред да ги стават ракавиците мора да ги измијат рацете, исто како и по нивното вадење.
-Ги перете ракавиците
Заштитните ракавици се направени од материјал кој лесно се оштетува при допир со тешки хемикалии.
-Истиот пар на ракавици го носите повеќепати
Не џабе се викаат ракавици за една употреба.
-Го допирате телефонот
Избегнувајте допирање на телефонот кога носите заштитни ракавици, бидејќи потоа истиот ќе го допрете со голи раце. Сите површини кои ќе ги допрете додека носите ракавици, задолжително дезинфицирајте и пребришете ги.
-Користите средства за дезинфекција со ракавиците
Нанесувањето на дезинфекциски средства врз ракавиците исто така може да ги оштети.