Дека жените се подготвени за љубовта да направат се зборува приказната за Марина Богомолова од Русија, која за да го освои срцето на фудбалерот Кристијано Роналдо потполно го промени својот живот.
Русинката која живее во градот Пенза е еден од најголемите фанови на поргуласкиот фудбалер Кристијано Роналдо.
Освен што го преуредила целиот дом, односно го декорирала со фотографии од фудбалскиот ас, таа отишла и неколку чекори подалеку – се развела од сопругот, ослабела 94 килограми и научила англиски јазик. Освен тоа, Марија дури се запишала на школа за фудбал каде научила да жонглира.
-Пред половина година се разведов од сопругот. Како велат, новата љубов не треба да трпи. Решив да го заведам Кристијано Роналдо, самоуверено вели Марина.
Нејзината драстична промена во животот почнал кон крајот на 2017. година. За време на новогодишните празници решила да се разведе, а освен што го напуштила сопругот, Марина се ставила и на диетски режим на исхрана. За само шест месеци ослабела неверојатно 94 килограми, а со тоа е „се поблиску до Роналдо“.
-За нова година имав 209 килограми, а сега 115. Но нема тука да застанам. Тренирам пет пати неделно, вели таа.
Веќе неколку месеци оди на часови за англиски јазик, но вели дека се надева оти Роналдо ќе научил руски.
-Бидејќи Роналдо едно време беше во врска со рускиот супермодел Ирина Шајк, мислам дека морал да го научи рускиот јазик. Ако не, јас го усовршувам англискиот, па лесно ќе се разбираме, вели Марина.
? #SputnikVidéo Tout est possible s’il y a une motivation! Ayant décidé de rencontrer Cristiano #Ronaldo, Marina Bogomolova de Penza a déjà perdu presque cent kilos et a pris un billet pour #Saransk, où son idole jouera son prochain matchhttps://t.co/vhfZUOyHC3#CM2018 pic.twitter.com/OY26CGAcKy
— Sputnik France (@sputnik_fr) June 18, 2018
Вели дека освен физичкиот изглед, кај Роналдо ја привлекува и внатрешната убавина и хуманост, која, според неа, прави маж кој треба да се поседува.
-Кога бирате некој, тогаш секогаш се трудите да го изберете најдобриот. Затоа го одбрав Роналдо. Тој е многу харизматична личност, физички совршен. Има добро срце, се занимава со хуманитарна работа, посочува Марина.
Инаку, оваа Русинка за време на Светското првенство направила дрес на кој пишува: Марина Роналдо.
Cristiano Ronaldo ile Rusya’da buluşmayı bekleyen ve 1.5 yılda 90 kilo veren Rus taraftar Marina Bogomolova, 25 Haziran’dan Portekizli yıldız ile Penza’da bir araya gelecek????➤https://t.co/X8XZHX3O6X pic.twitter.com/8pdpwqLruY
— Sporx (@sporx) June 21, 2018