Александар Веч е 30-годишен модел од Лос Анџелес, на кој единствена желба му било да стане жена. Тој потроши илијадници долари за да го промени полот и последните три години се преименувал во Ариана. Земал хормони за да му пораснат градите и ласерски ги отстранил влакната од телото.
Но, приказната нема крај, Александар се предомислил во врска за промената на полот. Сега вели дека повеќе не сака да биде жена, бидејќи тоа е премногу скапо и дека нема да има време за тоа.
Тој моментално вежба за да ги изгради мускулите на градниот кош, за да ги сокрие градите кои му пораснале од хормоните. Вели дека бил посреќен како маж, бидејќи му било многу стресно да живее како трансродово лице и да се чувствува изолирано.
-Многу сум среќен кога живеам како Александар. Три години бев како Ариана. Тие двајца имаат два сосема различни животи. Јас не сум некој кој живее во кутија и не дозволувам да ми кажуваат што да работам или да ме отстранат од друштвото. Луѓето знаат да бидат злобни, мислат дека лажам, но навистина верував дека сум жена заробена во маж. Сега сите ги коментираат моите големи гради, вели Александар.
Тој додава дека моментално работи на душевниот мир и не планира повторно да оди “под нож” за да ги острани градите, туку дека ќе се обиде да го направи тоа со вежбање. Исто така, се надева дека ќе пронајде партнерка која ќе го разбере.
-Се надевам дека ќе ја пронајдам вистинската жена која нема да се грижи за тоа дека имам манири на жена, иако влакната веќе ми се враќаат поради тестостеронот, додаде тој.