Без разлика дали сте обожавател на Шекспир или не, секој сака да има тераса од сништата кога ќе дојде пролет. Пробајте ги овие конструктивни совети.
Ова се предлозите на експертите:
Шумска тема
Ајуши Каноида, дизајнер за ентериер, предлага терасите да ги претворите во шумска оаза. Внесете доста билки, садници на трева, бамбуси, поставите вистинско осветлување кое ќе даде впечаток дека навистина сте во недопрена природа.
Сиров изглед
Диви пустински билки, кактуси, индустриско светло ќе го направи вашиот простор неповторлив.
Ваков изглед на терасата бара малку работа, нема премногу заморување, зашто колку е сирово, тоа е подобро.
Пијалак
Еден од предлозите е да направите мал бар на терасата. Не мора да биде ништо претенциозно, само еден агол во кој ќе можете да го испиете омилениот пијалак.
Можете да ставите барско столчиња, мини бар и да уживате во ѕвездените ноќи.