петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кошмар на секој родител: Дете падна од тераса во Скопје, детали за несреќата

Кошмар на секој родител: Дете падна од тераса во Скопје, детали за несреќата

На 22.06.2022 во 00:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее.

Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало.

На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.