среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Разберете ги: Жените се расправаат и плачат, а мажите на овој начин реагираат кога се под стрес

Разберете ги: Жените се расправаат и плачат, а мажите на овој начин реагираат кога се под стрес

За разлика од жените кои зборуваат повеќе од вообичаено кога се под стрес, во стресните ситуации кај мажите се ислучува делот од мозокот каде се наоѓа центарот за говор и тие едноставно остануваат без текст.

Мажите во стресни и емотивно тешки ситуации обично занемуваат, па многу жени се вознемирени поради тоа што не знааат  што тие тогаш мислат и чувствуваат. На постојаните прашања на нивните партнерки, во овие ситуации мажите претежно  кимнуваат со главата и зборуваат само еден збор или два.

Психолозите од Берлин велат дека таквото однесување е природно за претставниците на посилниот пол.

Експертите откриваат дека на овој начин мажите ја обновуваат енергијата и мислат како да најдат решение за излез од непријатната ситуација.

Кога сте под стрес кај мажите автоматски се исклучува левата хемисфера, во која се наоѓа центарот за говор. За разлика од нив жените зборуваат, се караат и викаат за да ја исфрлат негативната енергија и да ја намалат напнатоста.