понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Слатката девојка се претвори во психопат: По првиот состанок му испратила 65.000 пораки, од нивната содржина ќе се шокирате

Слатката девојка се претвори во психопат: По првиот состанок му испратила 65.000 пораки, од нивната содржина ќе се шокирате

Џеклин Адес и непознатиот маж се запознале во јануари минатата година преку мобилна апликација за запознавање.

По состанокот, тој ја блокирал, но таа не се откажала. Во следните 17 месеци таа му испратила 65.000 пораки, по 500 дневно.

Во документите што биле приложени на суд се наведува дека една од пораките гласи: „Не обидувај се да ме оставиш, ќе те убијам. Не сакам да бидам убиец“.

Во друга порака навела дека ќе се капе во неговата крв. Но, таа не запрела само со пораки. Полицијата соопштила дека Адес провалила во неговата куќа додека тој бил надвор од градот и дека се капела во неговата бања. Во нејзиниот автомобил, пак, полицијата пронашла нож.

Адес била уапсена во вторникот во Аризона. Таа се појавила на работното место на жртвата и тврдела дека е негова сопруга. Адес за Си-ен-ен рекла дека никогаш немала намера да го повреди мажот со кој била само на еден состанок и дека сè уште го сака.