петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сонувал чуден сон и ја земал лопатата во раце: Ја раскопа дневната соба и најде мистериозна дупка (ВИДЕО)

Сонувал чуден сон и ја земал лопатата во раце: Ја раскопа дневната соба и најде мистериозна дупка (ВИДЕО)

Колин Стир (67) веќе со години вади земја од средновековен бунар во потрага по ќуп со злато.

Овој пензионер од англискиот место Плимут не копа дупка во својот двор, ниту на ливада, туку во дневната соба од својата куќа. Колин со сопругата и децата се вселил во оваа викторијанска куќа од 19 век пред 30 години.

Необичната нерамнина на подот веднаш му привлекла внимание. Кога една ноќ сонувал богатство во својата куќа, мажот зел копач и лопата во раце и набрзо под софата открил затрупан бунар. Нацртите покажуваат дека бунарот на ова место стоел и во 16 век.

Би копал тој уште повеќе да не го натерала сопругата да ја затрупа дупката за во неа да не упадне некое од нивните три деца.

Меѓутоа кога децата пораснале, а Колин во 2011 година заминал во пензија, повторно тргнал во потрага по злато за кое размислувал сите тие години, седејќи на каучот над затрупаниот бунар.

Со помош на соседите почнал да извлекува земја со канти и јаже. Прво на длабочина од метар ипол наишол на дрвен меч завиткан во кожа. Потоа нашол и некои германски експлозивни средства.

Дури во дупката вградил и светло и ја осигурал со вратичка меѓутоа се застанало кога наишол на подземни води. Тоа го забавило во намерата да копа понатаму, но уште не отстапува од намерата да открие што се наоѓа на дното на бунарот.

-Би сакал да можам да отпатувам во минатото и да откријам што се крие долу, вели Колин Стир кој и натаму мечтае за закопано богатство.