среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

СТРАШНО: Му го дала ОВА име на својот син и веднаш се покајала – свекрвата го имала најлошиот коментар!

СТРАШНО: Му го дала ОВА име на својот син и веднаш се покајала – свекрвата го имала најлошиот коментар!

Одбирањето име за дете може да биде тежок процес. Можеби вам ќе ви се допадне некое традиционално име, додека останатите повеќе сакаат модерна алтернатива. Или сакате на своето дете да му дадете едноставно име, но вашиот партнер не се согласува со тоа.

И на крајот, за било која опција да се одлучите, секогаш ќе бидете оние на кои не им се допаѓа името кое сте го одбрале.

Една мајка се нашла во НЕзавидна ситуација, пријателите и семејството го исмејуваат нејзиниот избор, а свекрвата отишла толку далеку што и рекла дека името на бебето е толку „грозно“ да не може да го изговори а да не се насмее.

Сето тоа изгледа прилично претерано кога ќе се земе во предвид дека детето се вика Брајан – сосема вообичаено име на Запад.

– Бебето е старо шест недели и се чини дека пријателите и семејството не можат да го нарекуваат со неговото вистинско име. За него измислуваат глупави прекари, на пример, „бебе Бобо“, некои буквално се смеат кога ќе го кажам неговото име. Свекрвата искрено ни рече дека името е ужасно – рече мајката.

Таа додава дека стигнала до точка каде што помислува да забрани да ја гледаат луѓе кои се смеат на името на бебето.

– Мојот сопруг смета дека ова е прекумерна реакција и дека сум премногу драматична. Но, ако тоа продолжи, нашиот син ќе го мрази своето име – рече таа.

Кога мајката се доверила на Интернет, една жена и напишала: „Сигурно сте знаеле во што се впуштате кога го именувавте бебето Брајан“, а друга дури и рече дека „не е доцна за бебето да го смени своето име “.

Други истакнаа дека нејзиното семејство е неверојатно грубо, додека една жена напиша: „Без оглед дали на луѓето им се допаѓа името, овие луѓе кои не го викаат со неговото име се груби!“.