понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ЦИМЕТ ДИЕТА: Никогаш полесен режим на исхрана, постои само едно едноставно правило

ЦИМЕТ ДИЕТА: Никогаш полесен режим на исхрана, постои само едно едноставно правило

Циметот е одличен природен извор на железо, манган, цинк, бакар и калциум. Се користи за зајакнување на имунитетот, а помага и за намалување на лошиот холестерол и мастите во крвта. Познато е дека е одличен сојузник во слабеењето, бидејќи неговата особина е да ја зголемува телесната температура, а со тоа и да ги топи масните наслаги.

Оваа диета не е премногу напорна, бидејќи не бара подготовка на специјални оброци. Имено, овој режим вклучува конзумирање на пијалок со цимет два пати на ден, а за седум дена е можно да ослабете и до 5 килограми. Покрај тоа што ви помага да го забрзате метаболизмот, циметот има и благотворно влијание врз општото здравје на организмот.

Како дел од диетата со цимет, од клучно значење е да се замени масната и богата со шеќер храна со поздрава. Единственото правило кое треба да го почитувате е наутро по будењето, а навечер пред спиење да испиете шолја јогурт со малку маснотии во која ќе додадете една лажичка цимет.

Пример за дводневно мени:

Појадок: Чаша јогурт со цимет, изматени јајца од едно цело јајце и 3 белки, парче тост и 3 листови пршута.

Ужина: Грст бадеми

Ручек: Пилешко, зеленчук и киноа

Ужина: сезонско овошје или грчки јогурт

Вечера: Чаша јогурт со цимет, овесна каша и овошје.

Појадок: овесна каша или овесна каша со мед и цимет

Ужина: Неколку бисквити од цело зрно со малку цимет

Ручек: Тестенини со кравјо сирење и салата. Количината треба да биде умерена.

Ужина: Една чаша јогурт со малку маснотии со малку цимет

Вечера: Пилешко со зеленчук на пареа и салата.

Треба да избегнувате внесување преработена храна, производите што содржат бело брашно и бели шеќери исто така треба строго да се избегнуваат. Јаглехидратите намалете ги на минимум.

Се препорачува и воведување лесна физичка активност два пати неделно.