понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

За татковците кои имаат ќерки: Еве како да ја зголемите самодовербата кај вашата “мала дама“

За татковците кои имаат ќерки: Еве како да ја зголемите самодовербата кај вашата “мала дама“

Истражувањата покажале дека децата се порано започнуваат да бидат незадоволни од својот изглед, посебно женските деца, па еве неколку чекори кои татковците би требало да ги преземат за да го променат тоа кај своите ќеркички.

Фокусирајте се на достигнувањата

Секој сака да слушне комплимент на своја сметка, но важно е внимателно да ги одберете зборовите кои ќе ги упатите кој својата мала дама, бидејќи не можете ниту да претпоставите што се одвива во нејзината глава и како вашиот коментар би можел да влијае врз неа.

„Пофалете ја вашата ќерка за нејзиното однесување, поради она што е, а не поради нејзиниот изглед“, советува психолог Еми Бранер.

Укажете на сексизам

Кога во медиумите или на социјалните мрежи ќе наидете на нешто што ги деградира или понижува жените, покажете и го тоа на вашата ќерка.

„Дадете и до знаење дека сметате дека тоа не е во ред“, вели доктор Бранер.

Менталното здравје нека биде приоритет

„Нагласете колку е значајно да се води грижа за менталното здравје, наспроти физичкото совршенство. Многу е поважно да водиме грижа за менталната состојба и здравјето, отколку за достигнување на некој физички идеал“, советува оваа докторка.

Со други зборови, секогаш учете ја вашата ќерка дека здравјето е пред физичкиот изглед.

Не зборувајте за своите физички „мани“

Многу е значајно пред своето дете да не укажувате на она што кај себеси го сметате за физичка мана.

„Нашите деца многу повеќе учат од она што го правиме, отколку од она што го зборуваме. Бидете примерот кој сакате вашето дете да го види“, вели овој психолог.