недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Автомобил удри во бетонски ѕид и се преврте на автопатот Гостивар-Тетово, повредени три лица

Автомобил удри во бетонски ѕид и се преврте на автопатот Гостивар-Тетово, повредени три лица

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 23 часот се случила на автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на наплатната станица Тетово.

Како што информираат од полицијата, И.А. (59) од Тетово управувајќи патничко возило „Фолксфаген пасат“ со хрватски национални ознаки, изгубил контрола над возилото, кое удрило во бетонски sид и се превртело.

-Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.Б. (62) од Тетово, додека И.А. и деветгодишна сопатничка се здобиле со телесни повреди и со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана помош.  А.Б. била задржана на лекување, додека И.А. и малолетничката биле пуштени на домашно лекување, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.