петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Боки 13 со два збора за неговата сексуална определба го демантираше Заев- еве на која група припаѓа тој (ВИДЕО)

Боки 13 со два збора за неговата сексуална определба го демантираше Заев- еве на која група припаѓа тој (ВИДЕО)

Јавноста со денови е згрозена од навредливите напади кон еден „суетен“ новинар и „педер“ (како што самиот ги нарекува) од страна на премиерот Зоран Заев.

Откако целата јавност се крена на нозе, новинарските здруженија го осудија говорот на омраза, како и многумина здруженија за човековите права, новинари и јавни личности се појави видео во кое Боки 13 речиси со една реченица го демантира Заев.

Тој во интервју пред повеќе од 10 години прашувајќи го новинарот на која група луѓе припаѓа изјавил дека припаѓа на посебна категорија на сексуалец.

-Бојан сексуалец, треба да се направи нов поим за нова категорија на машки кои се носат како мене, и не треба да се викаат метеросексуалци, туку Бојан сексуалци, вака изјавуваше тој пред повеќе од 10 години.

Инаку целиот регион веќе со денови се интересира за епилогот од случајот Рекет во Македонија, а српските медиуми веќе со денови објавуваат и страшни докази од затворот кој ги дознале нивни извори за поврзаноста на Боки 13 со српски политичари, естрадни ѕвезди, но и македонски.

Целото видео можете да го погледнете во продлжение, а делот за кој се изјаснува Боки 13, од 2:15 минути.