среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

БРЗИ ТЕСТЕНИНИ СО СЛАНИНА И ПАВЛАКА: Оброк за 30 минути, лесен за подготовка и одличен вкус! (РЕЦЕПТ)

БРЗИ ТЕСТЕНИНИ СО СЛАНИНА И ПАВЛАКА: Оброк за 30 минути, лесен за подготовка и одличен вкус! (РЕЦЕПТ)

Многу е жешко, па најдобро е да готвите едноставни и брзи јадења, односно сѐ ќе биде готово за половина час, а сепак вкусно.

За овој рецепт можете да користите тестенини по ваш избор.

Состојки за 4 лица

400 гр чили тестенини или некои со пиперка
200 гр сува сланина
200 гр шампињони
500 мл крем за готвење
40 гр рендан пармезан (1 кесичка)
2-3 лажици масло
сол, бибер, лист од магдонос

Подготовка:

Веднаш сипете вода во тенџерето и ставете го на оган. Во длабока тава ставете ситно сечкана сланина и масло.

Сланината пропржете ја на средна температура, внимавајте да не изгори. Додадете ситно сечкани шампињони, неколку лажици вода и сè заедно измешајте кратко додека да испари водата.

Истурете го неутралниот крем и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие додадете половина кесичка или 2 лажици пармезан и тргнете го од оган. Варете ги тестенините 5 минути, исцедете ги и истурете ги во тавата со сланината. Додадете сол, бибер, магдонос.

Промешајте, вратете уште малку на тивок оган, пастата да се ослободи и да го впие вишокот вода од кремот и е готово. Можете да ставите зачини и печурки на листови по ваш вкус.

Секоја порција посипете ја посебно со рендан пармезан.