петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Древна житарка што помага кај мигрена, срцеви болести и дијабетес

Древна житарка што помага кај мигрена, срцеви болести и дијабетес

Оваа древна житарка ја јаделе Клеопатра и Марко Антониј, а богата е со протеини, влакна и други хранливи состојки кои овозможуваат бројни здравствени предности.

Станува збор за спелтата, пченица позната од минатото, но сега е на листата Топ 10 прехранбени трендови кои ќе ја одбележат 2022 година. Житарките котираат високо на листата, а меѓу нив е спелтата.

„Луѓето се фокусираат на здравјето и имунитетот, а сѐ повеќе е популарна растителната исхрана. Затоа опциите богати со хранливи состојки се важен дел од исхраната. Луѓето на храната почнуваат да гледаат како на лек за спречување болести. Освен тоа, се очекува да порасне интересот за функционална храна која содржи состојки кои овозможуваат и здравствени предности, а не само хранливи материи“, смета Луиза Полок, претседателка на Pollock Communications.

Спелтата е пченица, што значи дека сепак содржи глутен. Се одликува со висок процент на влакна и протеини и е солиден извор на Б витамини, па дури и Ц витамин. Може да се користи во разни јадења.

Најмногу се консумира во Италија каде е позната со децении. Житарките како спелтата можат да го намалат ризикот од развој на дијабетес и срцеви болести. Посебно целото зрно е богато со влакна, содржи малку масти и е одличен извор на протеини за вегетаријанци и вегани. Содржи хранливи материи како железо, магнезиум и Б витамини. Во споредба со кафениот ориз содржи повеќе растителни протеини и влакна.

Само една шолја спелта од цело зрно може да овозможи неверојатни 20% од дневната препорачана доза на влакна, а се препорачува секој ден да се внесува по 30 грама влакна.

Спелтата е богат извор на полифеноли, каротеноиди и селен. Долготрајната консумација на исхрана богата со растителни полифеноли може да спречи некои видови канцер, срцеви болести, дијабетес, остеопороза и невродегенеративни болести.

извор: thehealthystation.com