Стопанската комора на Македонија во соработка со Финската амбасада во Република Србија и „Finnpartnership” денеска во Скопје организираат бизнис форум „Doing Business with Finland“ со цел интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Финска.
Целта на бизнис форумот е да се претстават можностите за соработка со компании од Финска и од останатите нордиски земји и да се овозможи директно поврзување на македонските компании со потенцијални партнери од тие земји.
На настанот, покрај презентацијата на бизнис климата во Финска, ќе бидат претставени и можностите за соработка со фински компании коишто го познаваат македонскиот пазар и бараат деловни партнери во Македонија.
Бизнис форумот е наменет пред се за компании од информатичко-комуникациски технологии, прехранбената индустрија, животната средина и металната индустрија.
На форумот најавено е присуство на министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на Финска во Србија, задолжен и за Црна Гора и Македонија, Перти Иконен, почесниот конзул на Финска во Македонија, Светозар Јаневски и претседавачот на Собранието нa Стопанската комора на Македонија, Антони Пeшeв.
МИА