вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Еврокомесарот Џентилони алармира: Еврозоната пред распад поради КОВИД-19

Еврокомесарот Џентилони алармира: Еврозоната пред распад поради КОВИД-19

Паоло Џентилони, еврокомесар за кономија на ЕК, истакна дека економиите на Италија, Франција и Шпанија паѓаат за 10 до 11 проценти, а Данска, Полска, Шведска или Германија, за 4 до 6 отсто.

Рецесијата како резултат на коронавирусот се продлабочува, заканувајќи се дури и со колапс на еврозоната, изјави Џентилони во интервјуто за Велт.

„Најновите економски податоци предупредуваат: рецесијата е подлабока отколку што се очекуваше, економскиот развој на земјите во еврозоната станува нерамномерен од прогнозата во пролетта. Она за што секогаш предупредувавме е потврдено: рецесијата поради Ковид-19 се заканува дека ќе следува колапс на еврозоната“, рече еврокомесарот.

Според него, земјите од ЕУ треба да се договорат за план за закрепнување на економијата што е можно поскоро, со цел да се зајакне довербата во националната економија.

Претходно, Европската комисија претстави предлог за формирање фонд за спас на ЕУ во висина од 750 милијарди евра. Како што беше планирано, земјите-членки на Унијата ќе добијат помош во форма на грантови (до 500 милијарди евра). Европската комисија овој предлог ќе го достави до земјите-членки на ЕУ и до Европскиот парламент.

Светската здравствена организација во март објави пандемија на коронавирус. Според најновите податоци на СЗО, повеќе од 12,1 милиони случаи се откриени низ целиот свет, додека повеќе од 551 илјади луѓе починале.