Заклучно со крајот на минатиот месец, реализирани се 49,02% од капиталните инвестиции.
Тоа значи дека Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев за цела 11 месеци не потрошиле ни колку што требаа да вложат за 6 месеци.
Односно, не се искористени повеќе од половина од планираните пари од буџетот за училишта, болници, градинки, патишта…
Ако не го сметаме ребалансот на буџетот, тогаш оваа сума е уште помала и изнесува 45,7% од сумата планирана за капитални инвестиции во 2019-та година.
Овие бројки се доказ за низа неисполнети ветувања и за не постоењето на посветеност и работа да се вложи во работи кои се важни за граѓаните.
Заев ветуваше дека реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде над 80%.
-Согласно сите напори што ги нарпавија сите министри, Бектеши, Анѓушев, тогаш Тевдовски и Николовски и Сугарески даваат можност да гледам како што се проектирани капиталните инветсиции да имаат извесност на реализација поголема од 80 отсто. Тој дел помеѓу 90 и 100 отсто ќе го скратиме и ќе го реалоцираме таму каде што може да се реализира, рече премиерот во јули годинава.
Но бројките и официјалната статистика по којзнае кој пат го демантираа Заев на очиглед на целата македонска јавност.