четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Мицкоски: Параметрите покажуваат дека граѓаните имаат помалку пари и потешко живеат

Мицкоски: Параметрите покажуваат дека граѓаните имаат помалку пари и потешко живеат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека граѓаните имаат се помалку пари за трошење во последните две години.

-Економијата е катастрофа и собирањето на даноците е катастрофално, ДДВ-то е послабо од минатата година. Да сумирам, немаат јасна програма и јасна визија. Ако вие изгубите уште една година, ако граѓаните на Република Македонија изгубат уште една година, ако гледаме дека во дипломатијата ни се случува цунами, не се решаваат реалните проблеми на граѓаните, ако гледаме дека главен бизнис ни е плантажи со марихуана, тогаш за какви проекти и иднина зборуваме, истакна Мицкоски.